Вознемирувачки предвидувања на рускиот пророк Таврион: Кина ќе помине низ Русија, а оваа држава ќе исчезне


Таврион од Батоз е роден во провинцијата Харков, 1898, во семејство на благајник. Семејството било големо, како и сите во тоа време.

Во училиште одел три години, после што завршил семинар за учители.

Од раното детство служел во црква, а потоа работел во работилница за икони, во пустината Глински. Сето тоа време сонувал да стане монах, но следела Првата светска војна и Таврион го пратиле во војска.

После војната се вратил во пусината Глински и во 1920 година станал монах.

За христијаните, тоа биле тешки времиња, многу манастири и храмови биле затворени. Монахот Таврион во 1922 година пристигнал во Москва, седум години служел во разни манастири во различни градови, а во 1929 година добил чин архимандрит. Потоа следеле серија апсења и затвори.

“Се сеќавам на еден човек, силен дух кој ми раскажуваше за своите искушенија. Тоа беше отец Таврион, исто така русин. Пред десет или петанесет години го сретнав во Летонија, во мала пустина, каде живееше сам. Седеше покрај мене, беше моја генерација, благодарноста му блескаше во очи, а подоцна ми рече “Не можете да замислите колку Бог беше добар кон мене”.

Старешината Таврион бил човек со неверојатни духовни сили. Целиот свој живот му служел на Бога, читајќи ги мислите на луѓето како страници на книга. Починал во 1978 година, но зад себе оставил многу предвидувања за денешното време.

Што предвидел архимандрит Таврион?

  • Ќе се издаваат нови пасоши и броеви и се ќе биде електронско.
  • Виното ќе биде заменето со обоен алкохол.
  • Денот ќе се скрати, ќе биде помалку часа.
  • Цените нагло ќе се зголемат, потоа ќе исчезне готовината и ќе се користат електронски пари, се ќе се плаќа со картичка.
  • Ќе следи глад, духовен, но ќе недостасува и храна.
  • Ќе има разни прогони и угнетувања на христијаните, а потоа и војна, но брза и моќна.
  • Кина ќе помине низ Русија, како да оди некаде во војна. Русија ќе и послужи како коридор. Кога ќе стигнат до Урал, ќе запрат и долго ќе живеат таму.
  • Америка, целиот континент ќе исчезне.
  • Господ ќе ја спаси Русија.
  • За компјутерот ијавил дека во една мала, западна земја, ќе се конструира голем и моќен уред. Прво тајно, а потоа ќе се рашири по светот. Ги предупредил луѓето да не го користат тој уред.

Like it? Share with your friends!

1
6 shares, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format