Лана Павловиќ вели дека постојано е опкружена со слики од полови органи и секси играчки.

Австралијанката Лана Павловиќ ја има една од најнеобичните професии на светот – таа е професионален оценувач на машки полови органи.
Да, добро прочитавте, таа за живот заработува гледајќи машки полови органи, но нејзината работа нема никаква врска со порнографија.
Лана нуди едноставна услуга: се што треба е да и испратите слика од својот пенис и уплатите 32 евра.
Откако ќе ги проучи вашите гениталии, Лана на основа на обликот и должината на пенисот, ви ги предлага најдобрите секс пози и како да го унапредите вашиот љубовен живот. Тој извештај се нарекува “Rate your rooster report”.
Иначе, Лана е дипломиран сексолог и како што вели, отсекогаш ја фасцинирала поврзаноста на умот и сексот.
“Луѓето обично не разбираат со што точно се занимавам, и сексот е и понатаму голема табу тема, и многумина поради тоа не знаат како воопшто да прашаат што ги интересира”, вели таа.
Оценувањето на пениси е само една од услугите кои Лана ги овозможува – таа едуцира парови за сексот, без оглед дали се работи за садо-мазо игри или самозадоволување, држи онлајн семинари за сексот и слично.
“Отсекогаш сум била опкружена со секс играчки, слики од полови органи или преку Скајп чатувам со клиенти, така да ниту еден ден не ми е досаден”, објаснува Лана.
Павловиќ, која има две деца напоменува дека сопругот и е голема поддршка, и додава дека мажите и жените и се обраќаат од најразлични причини.
“Жените најчесто сакаат повторно да ја поттикнат својата сексуална желба, посебно после породувањсето, додека кај мажите во голем број случаеви проблем е прераната ејакулација, а ги интересира и кој е најдобриот начин да задоволат жена”, раскажува таа.
“Сексот и задоволството не се безобразни зборови, а мораме да сфатиме дека сексуалната енергија е придвижувач на животот и многу моќна работа”, заклучила таа, пишува Објектив.
Connect with us