Дарија (14) родила девојче, цело време тврдела дека Иван (10) и го направил детето, а потоа ја признала болната вистина


Девојчето на породувањето тежело 3,6 килограми, пишува српски Телеграф.

Дарија Суднишникова (14) од Русија, која стана позната во светот откако со своето момче Иван (10) се појавиле на тамошната телевизија и соопштила дека чекаат дете, се породи денес, а на свет донесе прекрасно девојче.

Дарија, според наводите на медиумите, детето го родила во Краснојарск, бидејќи единствено тамошните доктори се согласиле да ја породат.

Таа ги извести своите следачи на Инстаграм дека родила девојче тешко 3,6 килограми и дека докторите и рекле дека мора да одмора.

-Породувањето беше тешко. Родив девојче во 10 часот утрово. Беше тешко, се ќе ви раскажам подоцна, сега одмарам – напишала Дарија на Инстаграм.

Да се потсетиме, Дарија беше хоспитализирана кон крајот на јуни бидејќи стравувала дека предвремено може да се породи.

Таа во почетокот на сите им зборувала дека останала бремена со своето момче Иван (10), но подоцна кажала дека ја силувал 16 годишно момче и дека и било срам тоа да го признае.

Паралелно на оваа ситуација, Иван ветил дека заедно ќе го одгледаат бебето, иако тој, има само 10 години.


Like it? Share with your friends!

7
6 shares, 7 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format