Девојката која лани ослабе 39 килограми: Кога престанав да пушам сфатив дека можам се


Девојката која лани ослабе 39 килограми: Кога престанав да пушам сфатив дека можам се.

Младата канаѓанка изгубила 39 килограми од минатата година, а сега открила како и нејзината приказна станала вирална.

Линзи Хана е 25 годишна девојка од Ошава во Онтарио, вели дека започнала редовно да вежба и трча и да внимава на внесувањето на калории. Открива дека веќе во петто одделение била најголема од своите пријателки.

“Чувствував дека имав прекумерна тежина. Често луѓето ми даваа безобразни коментари за моето тело и тоа на крајот ме доведе до нездрави обиди за слабење и историја со поремета исхрана”, открила таа.

Вели дека ниту во текот на средното училиште немала здрав однос кон храната. Од 2011. до 2019. година поради прејадување, лошо ментално здравје и лекови, нејзината тежина само се зголемувала.

“На 24 години бев најтешка. Ментално бев многу лошо и пушев повеќе отколку нормално. Знаев дека стареам и дека морам да направам промена – или така ќе останам до крајот на мојот живот”, вели таа.

Во 2019. година одлучила дека ќе престане да пушти, откако 10 години пушела по кутија ипол дневно. Во три недели откако престанала да пуши добила неколку килограми, но вели дека после 21 ден непушење сфатила дека може да успее во се што ќе науми.

Тогаш започнала редовно да вежба и денес обожава теретана и изгледа подобро од било кога, а вели дека така и се чувствува.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format