Девојче лажело дека го силувале: Родителите го нашле “напаѓачот”, го силувале а потоа го убиле


Поради “шега” настрана невин татко на 6 годишно девојче.

Група луѓе наводно во Русија го силувала и претепала до смрт невиниот маж откако 10 годишно девојче поради шега лажела дека ја нападнал.

Девојчето тврдело дека возачот на камионот Дмитриј Чикваркин (48) ја допирал нејзе и уште едно девојче (3) под струкот откако ги однел до дадилката во рускиот град Верхнјаја Пишма.

Таткото на девојчето, Сергеј Чабин (33) и неговата девојка Валериа Дунаева (25), мајка на второто дете, се обвинети дека со помош на тројца пријатели го нападнале Чикваркин откако ја слушнале приказната на девојчето.

“Прво го силувале, а потоа со истата цевка му ја скршиле главата. Ја нападнале и дадилката бидејќи се обидела да го заштити Чикваркин”, соопштила полицијата.

Возачот на камионот, иначе и самиот татко на 6 годишно девојче, бил жив кога групата заминала, но подоцна починал поради нанесените повреди.

Дунаева и Чабин, заедно со наводниот соучесник Михаил Иванов (27), се уапсени откако полицијата утврдила дека приказната е измислена.

Другите двајца мажи кои учествувале во убиството се во бегство. Сите четворица би можеле да добијат доживотна казна затвор, додека Дунаева би можела да добие до 20 години.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format