Дедо купувал лекови на вересија, а потегот на едно младо момче, ја расплакал аптекарката: “Тој ја прашал дали дедото…”


Дедо купувал лекови на вересија, кога во аптеката влегло младо момче, поради она што го направил, вработената почнала да плаче…

Времето во кое живееме ,секојдневно ни наметнува нови вредности и приоритети, па понекогаш ни изгледа како да сме станале рамнодушни на туѓата несреќа и проблемите и дозволивме да оние вистински, проверени вредности ги втемелиме во модерните животи.

Сепак, кризата во која западна целиот свет, секојдневно ни оддржува лекции и покажува дека се уште не е се изгубено, дека има надеж и дека човештвото може да биде спасено од хуманост и емпатија.

Хуманитарецот од Зеница, Алдин Кајмаковиќ во своите долгогодишни хуманитарни акции успеал да обезбеди помош за огромен број луѓе – ученици, семејства со лош економски статус, стигнал дури и до Африка, но една ситуација од соседството му останала во памтење и одлучил да ја сподели со своите следачи на социјалните мрежи.

-Денес во Маглај, се најдов во аптека, а пред мене пензионер кој прашува “дали може до пензија”. Повторува 3 х 2 таблети и 8,70 КМ колку што чини лекот, да не заборави. Тука се најде и личност која ја праша продавачката: “Дали дедото праша може ли до пензија, па тогаш да плати или може ли таа терапија да му стигне до пензија?

Откако аптекарката рекла дека тој зема лекови на долг до пензија, момчето се понудило да го плати тој лек и доколку има уште некои долгови од порано. Кога аптекарката срамежливо му рекла дека има уште долгови и дека таа на пензионерите им дава лекови на вересија до пензија, момчето ја замолил да го собере сите долгови кои ги имаат пензионерите.

После кратко време човекот платил, а аптекарката започнала да плаче бидејќи не верувала дека во денешно време можат да се случат вакви работи. Ниту мене не ми беше сеедно, искрено, се посрамотив поради неговата добрина – напишал Кајмаковиќ.

Иако оваа сцена од Маглај се случила пред неполни две години, повторно се прераскажува и споделува на социјалните мрежи, како доказ дека со својата добрина ги инспирираме други да помагаат и дека некои лекции за човечност остануваат засекогаш врежани во нас, пишува Blic.rs


Like it? Share with your friends!

-4
6 shares, -4 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format