Докторка побегнала од земјата кога ја открила измамата за коронавирусот – еве што тврди докторката Ли Менг-Јан


Стравувала за сопствениот живот.

Докторката Ли Менг-Јан била принудена да побегне од Кина откако, како што тврди, отркила од каде навистина потекнал вирусот Ковид-19 кој досега заразил речиси 20 милиони луѓе во светот.

Менг-Јан, која е една од најценетите во својата работа во Хонг Конг, тврди дека вирусот настанал во лабораторија која е поврзана со кинеската Народно Ослободителна Армија. Таа го открила ова додека студирала таму за тоа како вирусот се пренесува од лице на лице.

Во интервју за Lude Press, докторката истакнала дека штом дошла до откритието дека вирусот не настанал спонтано надвор, го известила шефот на својот тим кој само одмавнал со раката, пренесува Тајван њуз.

“Пазарот во Вухан послужи само како изговор. Вирусот не настанал таму, туку во лабораторија. Се е смислено унапред. Дали тој намерно или случајно е пуштен надвор не знам. ЗНам само дека е направен”, изјавила докторката.

Поради наведеното, докторката морала да побегне на копното на САД, се со цел да се заштити од прогонот на кинеските власти.

“Во САД пристигнав само за да можам во мир да раскажам се што сум открила. Без страв дека ќе бидам нападната или уапсена. Кога конечно започнаа сериозно да ме сфаќаат во Хонг Конг, ми рекоа да замолчам и да внимавам. Сфатив дека морам да бегам”, изјавила Ли Менг-Јан.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Извор: Објектив.рс

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format