Еве зошто таа е една од најмоќните во светот: Иванка Трамп ја нарекуваат “очи и уши” на американскиот претседател


Американските медиуми пишуваат дека таа има пристап до доверливи информации и ја нарекуваат очи и уши на Доналд Трамп.

Ќерката од првиот брак на Доналд Трамп, Иванка Трамп, која во средата изненадно се приклучила на втората рунда од разговорите помеѓу Белград и Приштина, е личност од најголема доверба на американскиот претседател.

Таа има големо влијание на креирањето на неговите ставови посебно во надворешната политика.

Американските медиуми пишуваат дека таа има пристап до доверливи информации и ја нарекуваат очи и уши на Доналд Трамп.

Речиси и да немало официјална посета на Трамп во некоја странска земја, а во делегацијата да не се нашла Иванка.

Таа била со американскиот претседател при посетата на Саудиска Арабија, што било прво патување на Трамп во странство на местото претседател на САД.

Стоела рамо до рамо со нејзиниот татко и на неговиот официјален состанок со поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и германската канцеларка Ангела Меркел.

Иванка е мажена за Џаред Кушнер, кој исто така е советник на Трамп, кој во суштина е десна рака на шефот на Белата куќа и креатор на многу негови надворешнополитички потези.

Иванка посебно се занимава со овозможување на поддршка за развој на женското претприемништво ширум светот.

За тоа колку големо влијание има Иванка во Белата куќа, зборувал и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој открил дека на состанокот во Вашингтон отворила две важни економски теми и најавил нејзина посета на Србија, пишува Мондо.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format