Една од 100 жени не чувствува породилни болки, докторите открија за што се работи


Една од 100 жени не чувствува породилни болки, докторите открија за што се работи…

Научниците тврдат дека пронашле редок ген кој е поврзан со високиот степен на болка.

Научниците од Универзитетот Кембриџ откриле дека пронашле редок ген кај некои жени, поточно во една од сто, кој овозможува да не чувствуваат никаква болка во текот на породувањето.

Доктор Еван, еден од авторите на ова истражување изјавил: “Генот кој го пронајдовме кај жена, која чувствува мала или речиси никаква болка при породување е всушност дефект кој влијае на нервите. За нервите за болка да се вклучат, потребна е огромна и силна болка”.

Уште еден доктор кој учествувал во истражувањето, доктор Мајк Ли изјавил дека проучувале група на жени кои го раѓале своето прво дете, а не барале никакво олеснување за нивните болки. Тие имале поголема толеранција на топлина, студенило и притисок. “Навистина е необично кога жените не бараат никакво олеснување, малку кислород, епидурална или нешто друго додека се породуваат, посебно за прв пат. Беше очигледно дека овие жени имаат поголема толеранција на болка.”

Тимот открил дека генетскиот код, KCNG4 кој служи како врата и ги контролира сигналите кои се испраќаат во мозокот поврзан со болка. Потребна е силна болка за таа врата да се отвори и жената да почувствува болка, а онаа која што се чувствува при породување не е доволно силна за тоа.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format