Експлозијата во Бејрут ја предизвикала ракета или бомба? Либанците за прв пат велат дека можеби станува збор за напад


Аун побарал од францускиот претседател Емануел Макрон да им испрати фотографии од експлозијата од воздух.

Инспекторите истражуваат и на можно надворешно влијание на експлозијата во Бејрут, вели претседателот Мишел Аун.

Во експлозијата на пристаништето во средата загинаа најмалку 137 лица и повредени се повеќе од 5.000 луѓе, а Аун додаде дека несреќата можеби е предизвикана од ракета или бомба, јавуваат светските медиуми.

Аун побарал од францускиот претседател Емануел Макрон да им испрати фотографии од експлозијата од воздух, а најави дека е повика уште неколку земји да помогнат во утврдувањето за причината на трагедијата.

Ова е прв официјален навод дека причина за трагедијата не е експлозија на амониум нитрат, кој не бил складиран со посебни безбедносни мерки.

Властите досега ја отфрлале идејата за можен надворешен фактор.

Нереди после експлозијата

Либанските безбедносни сили испалиле солзавец на антивладините демонстранти во Бејрут, кој се собрале во четвртокот вечерта, бесни поради раководството на земјата после страшната експлозија.

Либанските државни медиуми пренесоа дека неколку лица се повредени во текот на протестите, чиј учесници се собрале во близина на зградата на парламентот.

Демонстрантите запалиле и помали пожари и со камења ги гаѓале припадниците на безбедносните сили, наведува новинската агенција ННА.

Шест години никој не ги слушал предупредувања за бомбата која плута

После страшната експлозија во Бејрут, жителите на Либан се бесни. Властите признале дека пред трагедијата пристигнале неколку предупредувања. На нив, очигледно, никој не посветувал внимание.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format