Жените откриле зошто ги изневеруваат своите парнтери: Бев занемарена, јас обожавам с*кс, тој не.

Жените се почесто ги изневеруваат своите партнери, или барем тоа се почесто го признаваат. Истражувањето на YouGova од 2015. година покажало дека бројот на жени и мажи кои изневеруваат е речиси еднаков. Доколку се земат податоците од 1990. година, бројот на жени кои изневеруваат пораснал за 40%, додека бројот на неверни мажи остнаал речиси непроменет.
Во Huffington Post се обиделе да додјат до одговори зошто жените изневеруваат, не за да ги осудуваат или правдаат, туку да видат колку се променил односот кон сексот и врските.
Неколку жени анонимно ги споделиле своите искуства.
“Луѓето кои изневеруваат ги сметав за ужасни суштества, а сега и јас го правам тоа. Мојот живот е сјаен и мојот долгогодишен партнер и три деца ме обожаваат како и јас нив. Проблемот е во тоа што не сум вистински среќна и сакам да бидам со некој друг. Се чувтвувам заробено и разговарав со својот партнер за се, но тој не сака да одам. Поминав години преиспитувајќи ги своите чувства и еден ден ми текна дека тие нема да исчезнат, па во тоа е поентата. Одлучив да го направам тоа.
Неодамна имав две емотивни афери и се бакнував со други мажи, но не спиев со ниту еден од нив. Би можела во иднина. Не се чувствувам лошо, што навистина ме изненади.
Она околу што се двоумам е следното: го оставам и целосно го уништувам светот на својот партнер и своите деца, како и поширокото семејство поради страст и длабока поврзаност која не можам да ја добијам дома? Или треба да останам како убавите кукли заробени во прекрасен свет, а истовремено да кријам тајна? Ова второт не му штети на никој”, раскажува анонимна жена.
Друга жена признала дека го изневерува својот сопруг бидејќи забележила дека на нивната врска и доаѓа крајот.
“Го изневерував своето момче со кое бев четири години, кога увидов дека нашата врска пропаѓа. Тоа беше последниот обид од него да се извлече реакција и да проверам дали навистина се грижи за мене. Не се грижеше.
Исто така не сакав да има крај на нашата врска и ми беше страв повторно да бидам сама, воглавно затоа што толку долго бев надвор од играта и се чувствувал целосно одвоено од животот на самец.
Не препорачувам изневерување како начин работите да се откријат, бидејќи е непријатно, дури и доколку другата личност се однесува како да и е сеедно, тоа на некој начин ќе влијае на нив.
Оној кој изневерува на крај е секогаш виновен. Но тоа ме натера изневерувањето да го гледам на поинаков начин. Дека оние кои изневеруваат не се злобни, и вреди да се истражи нечиј мотив за таква постапка. Да се биде способен да разбереш зошто тоа некој го направил е пресудно за да си простиш себе си, а не за да се надеваш дека ќе одите подалеку или ќе се излечите доколку тоа не го разберете”, открила 26 годишна девојка од Манчестер.
Една жена која ја раскажала својата приказна, тврди дека го изневерила момчето бидејќи мислеле дека прекинале.
“Една вечер, додека бев на забава со колегите, гадно се испокаравме. Мислев дека сме прекинале и со скршено срце се вратив во барот, а колегите сакаа да ме орасположат со алкохол. Мојот шеф и јас флертувавме со месеци, а поради тоа што се случи таа вечер, завршивме во кревет.
Следниот ден, моето момче ме повика и ми се извини, а потоа додаде дека сака да работи на нашата врска. Не му кажав за својата авантура. Прекинавме година дена подоцна и денес сме приајтели. Никогаш нема да му кажам за својата вечер со шефот”, признала 31 годишна девојка од Лондон.
Следната жена, признала дека го изневерила сопругот поради проблеми во спалната соба
“Кон крајот на месецот ќе наполнам 44 години, а пред недела дена го изневерив својот сопруг со кој сум 16 години. Тој е совршен во секоја смисла освен во кревет, ние воопшто немаме сексуален живот. Нему сексот никогаш не му беше важен. Неговата незаинтересираност за секс не ми беше важна бидејќи имаше се што сакав. Имаме две деца и однадвор изгледаме како совршено семејство.
Порано секогаш бев социјална и отворена, но тоа некако се изгуби со текот на годините. Сакав повторно да бидам забавна и посакувана.
Запознав маж на интернет и се согласив да се најдеме. Сексот беше фантастичен и воопшто не жала поради тоа. После тоа на сопругот му раскажав дека сум многу фрустрирана. Ќе останеме заедно, барем уште некое време. Го сакам, но не сум заљубена во него. Да немаме деца, би заминала, но знам дека тоа би го уништило моето семејство”, искрено зборува 43 годишна госпоѓа од Лондон.
Идната жена која ја сподели својата приказна, признала дека го изневерила вереникот три месеци пред нивната венчавка.
“Само три месеци пред венчавката се чувствував како работите да излегуваат од контрола и се прашав дали мојот вереник е навистина оној вистинскиот за мене. Тој беше навистина мил, но немаше никакви возбудувања или предизвици. Не постоеше страст. Но не сакав да бидам сама и чувствував притисок од околината бидејќи сите покани веќе беа испратени.
Три месеци пред венчавката бев на состанок и седнав покрај маж кој веднаш ми се допадна. Наскоро започнавме афера, а тој беше се што мојот вереник не е. Сепак, се омажив, но го оставив сопругот после девет месеци и заминав со друг маж. Се уште сме заедно и имаме две деца”, раскажува 37 годишна жена од Лондон.
Последната девојка која ја открила својата страна на приказната, признала дека изневерувала тогаш кога не сакала да биде во врска.
“Додека бев млада ги изневерував своите момчиња бидејќи не сакав да бидам во врска. Всушност, само сакав секс. Кога сфатив дека можам да имам различни сексуални партнери пред да донесам свесна одлука дека со некој сакам да бидам во сериозна врска, тоа ми помогна да не изневерувам. Се каам поради тоа што им го направив на тие момчиња, но се обидувам да не си замерувам премногу”, заклучија 35 годишната жена.
Connect with us