Зачувајте ја младоста: Најдобрите методи и козметички средства за спречување на предвремено стареење


Зачувајте ја младоста: Најдобрите методи и козметички средства за спречување на предвремено стареење. Стареењето на кожата е нормален процес кој почнува во одреден период на животот.

Секако дека овде главниот збор го има генериката, но најновите истражувања велат дека, всушност на наследниот фактор му припаѓа само една третина од изгледот на кожата, додека другите два дела се резултат на личната грижа за себе и на изборот на вистинскиот, односно соодветниот козметички третман.

Топ-совети

Првиот совет е лесно остварлив, ако често не го применуваме – значи никогаш не одете на спиење, ако претходно не сте ја извадиле шминката од своето лице. Исчистете ја добро со соодветен лосион, а потоа ставете ноќен крем, кој ќе и овозможи на кожата да се регенерира во текот на ноќта и ќе го санира сето она што во текот на денот било изложено на негативни влијанија.

Спас од сонцето

Напријател број еден на вашата кожа е сонцето, затоа пред секое излегување од дома добро вооружете се со кремови и подлоги, кои во себе го имаат добро интегриран факторот СПФ. Проверете производите дали се за борба против УВА и УВБ зраците, бидејки факторите се главни генератори на слободните радикали, а со тоа и најголеми виновници за стареење на кожата.

Критични зони

ПРВА. Особено внимание обрнете им на најкритичните делови на лицето, како што е кожата околу очите, која е прва на удат, бидејќи е многу тенка, речиси нема поткожно мрсно ткиво, а мускулите во текот на денот прават и до 10.000 движења, мимки. Затоа е неопходно рана да се отпочне со интензивна хидратација и со благи антиридни средства, а доколку штетата веќе е направена, потребно е да користите препарати на база на протеини на соја, ориз или просо, бидејќи тие имаат исклучително ефикасен лифтинг ефект.

ВТОРА критична зона е пределот околу вратот и деколтето. За жал, многу жени во текот на младоста за време на својата секојдневна нега, го прескокнуваат токму овој дел, а тоа е голема грешка која подоцна ја приметуваат. Со кремот со кој го негувате лицето обавезно премачкајте ги вратот и деколтето, а тоа направете го со пилинг или маска.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format