За ова пореметување не сте ни слушнале, а од него пати еден на секој десет мажи: Од ова се добива срцев и мозочен удар


За ова пореметување не сте ни слушнале, а од него пати еден на секој десет мажи: Од ова се добива срцев и мозочен удар…

Бигорексија – целосно спротивно од анорексија (која е карактеристична за жените) и посилниот пол себеси се доживува недоволно развиен и мускулест. Од ова пореметување пати еден на секој 10 мажи.

Овие мажи во просек се гледаат во огледало по 12 пати, држат стрикни диети, често се споредуваат со другите прашувајќи дали се доволно развиени, фанатично се трудат да ја зголемат телесната маса и мускули, а неретко прекумерно користат и стероиди.

Според истражувањето, секој десетти маж во теретана пати од ова пореметување, кое може да доведе до срцев и мозочен удар, собирање на тестисите, губење на косата, безволност, па во потешки случаеви и самоубиство. Претераното користење на супстанци за вештачко зголемување на мускулите дополнително ги нагласува наведените здравствени тегоби, пишува Крстарица.

Експертите предводени од Роб Вилијемс, ја проучувале бигорексијата како психичко пореметување, кое ги поттикнуват траумите од детството, предизвикани со создавање на несигурност кај детето.

Поради тоа во пубертет доаѓа до фрустрација при проекција на идеалниот надворешен изглед, кој би требало да биде показател на успехот и моќта.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format