За што вие сонувате? Ова се најчестите сексуални фантазии, некои ги обожавате, од некои ќе ви се згади


За што вие сонувате? Ова се најчестите сексуални фантазии, некои ги обожавате, од некои ќе ви се згади…

Секој од нас има некоја сексуална фантазија, а еве кои се најчестите…

Социјалниот психолог доктор Џастин Лемилер за потребите на својата нова книга истражувал за сексуалните фантазии. Поради тоа, тој испитал 4.175 американци за нивниот сексуален живот, а еве што открил.

Тројка

На самиот врв на листата, како најчеста сексуална фантазија, со 89% од гласовите, се наоѓа сексот во тројка. Луѓето кои се во врска, воглавно одговарале дека би сакале да во тој однос учествуваат со својот партнер и со уште една личност.

Она што е уште поинтересно, хетеросексуалните мажи би сакале тројка со две жени, додека хетеросексуалните жени не покажале преференција кон одреден пол во тој однос.

БДСМ

Според Лемилеровите откритија, околу 65% од учесниците фантази за болка во текот на односот, во форма на плескање по задникот, грицкање и слично.

Експериментирање

Без разлика дали станува збор за промена на позата, локацијата или партнерот, голем број луѓе фантазираат за тоа малку да експериментираат во кревет, да пробаат нешто ново. На пример, доколку воглавно имаат однос во кревет, нивната фантазија е тоа да го направат на некое јавно место, или доколку се во врска, да имаат однос со некој друг.

Секс на јавно место

Локацијата е една од најголемите фантазии помеѓу жените, а поголемиот дел од нив откриваат дека сонуваат за секс на јавно место, каде што постои ризик да бидат фатени.

Некои од локациите кои најчесто се појавуваат во тие фантазии се канцеларија, парк и лифт.

Отворена врска

Голем број учесници во истражувањето отркиле дека повремено сакаат да имаат секс со други луѓе, но нивниот партнер да не знае за тоа.

Околу 79% од мажите и 62% од жените фантазираат за отворена врска, а 57% признаваат дека би сакале да го гледаат својот партнер во акција со некој друг.

Секс кој им дава значење

Поголемиот дел од мажите и жените сакаат секс во кој се чувствуваат посакувано, сакано и ценето. Исто така, ги возбудува доколку партнерот им даде до знаење дека се добри и посакувани во кревет.

Секс со припадници на истиот пол

Иако поголемиот број на испитаници се од хетеросексуална ориентација, голем број од нив сонуваат за секс со личност од истиот пол. Дури 59% од жените признаваат дека фантазираат за акција со жена, додека 26% од мажите сонуваат за однос со друг маж.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format