Зошто никој не смее да го посети островот Рунит? Таму се складира целиот…


Островот Рунит е мал остров кој се наоѓа во склоп на “enewetak”, збир од околу 40 острови во Пацификот.

Опасност: Складирање на радиоактивен отпад.

Островот Рунит е мал остров кој се наоѓа во склоп на “enewetak”, збир од околу 40 острови во Пацификот. Помеѓу 1946 и 1962 година, американската војска спровела низа воени вежби над групата острови, воглавно вежби кои се состоеле од нуклеарни експлозии.

Во доцните 1970-ти, се со цел да се исчистат островите од радиоактивниот отпад кој останал после силните експлозии, американската влада одлучила да направи купола (кодно име – кактус) во која ќе биде сместен целиот радиоактивен материјал на еден од островите – островот Рунит.

Како база за куполата чија изградба чинела околу 250 милиони долари, послужил гигантскиот кратек кој го креирала 18-килотонска нуклеарна бомба. Ѕидовите на куполата се направени од околу половина метар дебели 358 бетонски плочи, а целата површина зазема околу 10.000 квадратни метри.

Во 1980 година, Владата објави дека островот Рунит е безбеден за населување. Т.е, доколку сакате да спиете покрај гигантска купола преполна со радиоактивен отпад – со гајгеров бројач под перницата.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format