Зошто Русија и ја предаде на Кина тајната технологија за атомска бомба?


Зошто Русија и ја предаде на Кина тајната технологија за атомска бомба?

Советскиот сојуз во педесетите години на 20. век и предаде на Кина технологија потребна да се направи кинеска нуклеарна бомба.

Овој потег воедно беше и доказ за големата доверба помеѓу двете држави и нивните народи, изјави Сергеј Наришкин, претседател на Руското историско друштво и директор на Надворешно разузнавачката служба на Русија.

Наришкин во својот говор во текот на руско-кинеската видео-конференција, посветена на одбележувањето на 75. годишнината од завршувањето на Втората светска војна, потсетил дека експертите сметаат дека фрлањето на атомски бомби на Хирошима и Нагасаки во август 1945. година е воено злосторство.

“Не е тајна дека американската дмеонстрација на воена сила во Хирошима и Нагасаки имаше карактер на нуклеарна уцена, која беше насочена против Советскиот сојуз”, изјавил Наришкин.

“Советската наука и надворешната разузнавачка служба го прифатиле предизвикот и наскоро Советскиот Сојуз имал свое нуклеарно оружје, што ја исклучило можноста за неказнета агресија од САД”, додал тој.

Првото советско атомско наоружување е тестирано на 29. август 1949 година.

“Кинески научници беа упатени во нашиот нуклеарен развој, што подразбираше и поголем степен на доверба на нашите држави и народи”, навел тој.

Советскиот сојуз и Кина на 15. октомври 1957. година потпишале договор со кој се предвидувал на Кина да и се предадат бројни технологии за изработка на атомско оружје. За тестирање бил избран полигонот Лоб Нор.

Советски научници помогнале да се направи и пушти во експлоатација првиот кинески ескпериментален атомски реактор со тешка вода во 1958 година.

Во Кина бил направен и експериментален циклотрон (циклотроните забрзуваат наелектризирани честички со помош на високофреквентен наизменичен напон). Околу 11.000 кинески научници ја поминале обуката во Советскиот сојуз, додека советски научници работеле во Кина, пишува Б92.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format