“Имав симптом кој никој не го спомнуваше”, потресна приказна на момче кое за малку не умрело од корона вирусот


Карим е роден со белодробно заболување наречено бронхиолитис облитеранс, кое предизвика воспалние во најмалите белодробни патишта.

Додека од една страна ги имаме теоретичарите на завери кои велат дека корона вирусот не постои, и дека сето тоа е измислено поради насилно вакцинирање и чипување на луѓе, од друга страна имаме луѓе кои се борат со вирусот, кој не бира ниту години, ниту пол кога се работи за заразени.

Карим Салмен од Мајами, има 23 години и е еден од оние кои се позитивни на корона вирус, а чија здравствена состојба е таква да за него може да биде фатално. Иако превентивно се чувал и самоиницијативно престојувал во каратин, тој сепак се заразил, а својата приказна за првите симптоми по хоспитализацијата и приклучување на респиратор, ја споделил на својот ТикТок профил.

-Се вртев во кревет цела ноќ, и на моменти се чувствував како да не можам да дојдам до здив, изјави тој во разговор за Базфид, неколку дена откако добил позитивни резултати – изјави тој.

-Верувам дека некој близок ме изложил на вирусот, но не сум сигурен. Не го напуштив домот. Веќе четири месеци сум во строг карантин.
Карим е роден со белодробно заболување наречено бронхиолитис облитеранс, кое предизвика воспаленија во најмалите белодробни патишта. Исто така има вроден деформитет на предниот ѕид од градниот кош, поради тоа Карим во својот живот бил неколку пати хоспитализиран.

Токму поради овие медицински проблеми, Карим бил под голем ризик за тешко заболување од корона вирусот. За жал, веќе недела дена е хоспитализиран, а својата борба и лечење, секојдневно го документира на ТикТок.

@karimsalmen

A mal tiempo buena cara😳 ##TikTokTaughtMe ##MagicMoment ##hospital ##tiktokhealth

♬ dźwięk oryginalny – slavik2.00

-Некои од симптомите кои ги имав беа недостаток на воздух, кашлица, вртоглавица, губење апетит и повраќање првиот ден. За среќа, не сум на респиратор. Меѓутоа, примам кислород. изјави Карим.

Тој исто така е приклучен и на инфузија. Поради ограничување на посетите, семејството и пријателите на Карим не биле во можност да бидат со него.

-Секогаш е тешко да видите некој кој го сакате во оваа положба, па се фрустрирани што можат само да седат и да ме гледаат – изјави Карим.
Од друга страна, докторите кои водат сметка за неговата состојба, имаат оптимистични прогнози.

@karimsalmen

Corona isn’t a joke guys, PLEASE WEAR YOUR MASKS ##OneLoveOneHeart ##TextReaction ##covid ##wearamask

♬ Renee – Sales

-Моите лекари се сигурни дека повторно ќе се опоравам. Многу се љубезни и ми влеваат огромна надеж. Одлучив да го документиран ова патување поради ширење на свест, како и за да можат да видат сите дека овој вирус не е шега. Единствениот начин да се бориме со него е да ги следиме насоките. За ширење навистина потреба е само една заразена личност која ќе го прошири тоа на многу други, заклучи тој, пишува Србија Данас.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format