Исповед на 29 годишна жена: Сите мажи ги замислуваш голи, не можам да престанам да мислам на…


Роуз Бетечер има 29 години, а со опсесивно-компулсивното пореметување кое ѝ создава непријатни мисли се бори веќе 10 години, а за тоа раскажува во својата книга.

Звучи како сон на многу мажи – згодна жена која непрестано замислува сексуални сценарија, но за 29-годишната Роуз опсесијата со секс претставува пекол. Имено, таа се бори со опсесивно-компулсивното пореметување кое ѝ создава непријатни мисли веќе 10 години, а постоел период кога поради замислување на непознати луѓе дека се голи и сексуални сценарија со нив, не сакала да излезе од дома, пишува Daily Mail.

Проблемот започнал кога имала 15 години, откако видела едно момче голо. Секоја година сè повеќе се зголемувал, сè додека на крајот не завршила на терапија, која ѝ помогнала да се соочи со несаканите мисли за секс, па дури и сексуални халуцинации.
Сè поголем број на луѓе денес патат од опсесивно-компулсивно пореметување, а се претпоставува дека тоа е резултат на брзиот начин на живот и прекумерниот стрес. Најчесто станува збор за опсесии како миење на рацете, броење на одредени предмети и слични работи.

„Пораснав во католичко семејство и ми беше шок што по цел ден не можев да ги исфрлам сликите од пенис од својата глава, без разлика дали седев на семејна вечера или на предавање. Тоа беше вистински пекол“, раскажува Роуз.

Поради своето пореметување несвесно ги замислувала голи и во сексуално експлицитни сцени своите пријатели, членови на семејството, колеги, па и непознати луѓе на улица. Колку повеќе размислувала за тоа како да ги потисне тие мисли, толку повеќе се преоптоварувала со нив и ги повикувала.

Антидепресивите исто така го влошиле проблемот, а најголемо влијание имала т.н. превенција на изложеност и реакција, во која гледала сцени од голотија и секс за да се соочи со тоа.
„Постепено сè помалку и помалку бев нервозна размислувајќи за таквите сцени“, истакнува Роуз која ја претставува својата приказна поради годините срам и справување со стигмата.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format