Историјата од која Америка се срами: Ова момче е киднапирано од Африка и изложено во кафез со мајмуни


Историјата од која Америка се срами: Ова момче е киднапирано од Африка и изложено во кафез со мајмуни…

Бенг во 1904. година бил киднапиран од американскиот трговец Семјуел Вернер од земјата која тогаш била белгиска колонија. Не е познато колку години имал точно, но се верува дека имал 12 или 13.

Ото Бенг е киднапиран од денешната Демократска Република Конго во 1904. година и е одведен во САД за таму да биде “изложен”.

Новинарката Памела Њукирк, која опширно пишувала за оваа тема, ги разгледувала децениските обиди да се прикрие овој случај.

Повеќе од еден век откако на насловна страна излезе “изложување на млад африканец во мајмунска куќа”, зоолошката градина во Бронкс во Њујорк конечно изразил жалење.

Своето извинување го изразило Друштвото за заштита на диви животни кое го користело Отa Бенгa за изложба во 1906 година. До извинувањето дошло во екот на глобалните протести предизвикани со првото убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, а потоа и со ранувањето на Џејкоб Блејк.

Претседателот и извршен директор на Друштвото за заштита на диви животни, Кристијан Сампер изјавил дека е важно да се размислува за сопствената историја и расизмот во институциите. Тој ветил дека Друштвото, кое управува со зоолошката градина во Бронкс, ќе биде целосно транспарентно во врска со случајот кој од 9. септември 1906. година инспирирал бројни медиумски наслови ширум Европа и САД – ден откако Отa за прв пат бил изложен, па се додека не бил пуштен од зоолошката градина на 28. септември 1906. година.

“Бил вработен во зоолошката градина”

Иначе, тоа друштво се ангажирало во вековното заташкување на случајот во кое сепак не успеале. Уште во 1906 година, влатите поради се поголемиот број на критики размислувале за измислена приказна дека Отa бил всушност вработен во градината.

Изненадувачки, таа приказна со децении функционирала.

После смртта на Ото Бенг во 1916. година, во статија на Њујорк Тајмс отфрлени се тврдењата како урбана легенда.

-Токму тоа вработување довело до прашање за неосновани извештаи дека се наоѓа во паркот како еден од експонатите во кафез за мајмун – се наведувало во содржината.

Приказната, секако, била во спротивност со бројни статии кои децениии порано се појавувале во весниците ширум САД и Европа. Само Њујорк Тајмс објавил статија за овој скандал, прва под името “Бушман го дели кафезот со мајмуни во паркот Бронкс”

Потоа, во 1974 година, кустосот Вилијам Бриџес навел дека не може точно да се знае што се случило. Во својата книга “Собирање животни” реторички прашал: “Дали Отa Бенгa бил изложен како некое чудно, ретко животно?”. На прашањето кој бил тој, како човек кој имал пристап до архивите на зоолошката градина, знаел најдобро да одговори.

-Тоа дека бил затворен позади решетки во кафез во кој треба да гледате во текот на одредени часови изгледа млку веројатно – продолжил, игнорирајќи ги купиштата докази во архивите дека токму тоа било случај.

Спојувајќи две нарации, внукот на Семјуел Вернер, човек кој вооружан го киднапирал Бенгa, напишал книга објавена во 1992. година. Во беа тврди дека Бенгa и други се киднаирани и изложени на саемот во Сент Луис 1904. година.

Книата е апсурдно карактеризирана како приказна за пријателството на Вернер и Отa.

Најмалку еден новински извештај за објавената книга на младиот Вернер тврди дека Отa Бенгa уживал настапувајќи за жителите на Њујорк.

Кој бил Отa Бенгa?

Бенг во 1904. година го киднапирал американскиот трговец Семјуел Вернер од земјата која тогаш била белгиска колонија. Не е познато колку точно имал години, но се верува дела имал 12 или 13.

Со брод бил превезен во Њу Орлеанс за да биде покажан на саемот во Сент Луис, заедно со уште осум момчиња. Тој саем бил активен и во текот на зимските месеци, а Отa и останатите момчиња биле затворени без адекватна облека и засолниште.

Во септември 1906. година, 20 дена бил изложен во зоолошката градина во Бронкс и привлекол огромен број луѓе. Меѓутоа, бесот кој овој случај го предизвикал довел до тоа да тој биде тргнат во Азил за обоени лица кој го водел Афроамериканецот Џејмс Гордон.

Подоцна, во јануари 1910. година, живеел во Вирџинија при колеџот за црни студенти, а таму ги учел децата од маалото да ловат и им зборувал за своето детство во татковината.

Како што наведува БиБиСи, цитирајќи ја книгата за животот на Отa, тој подоцна станал депресивен и во март 1916. година извршил самоубиство, одземајќи си го животот со огнено оружје. Се верува дека имал само 25 години.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format