И покрај огромното богатство, овие работи се бесплатни за сите милионери и милијардери


И покрај огромното богатство, овие работи се бесплатни за сите милионери и милијардери…

Огромен број светски познати милионери, и покрај огромното богатство, некои работи ги добиваат бесплатно.

Храна и пијалоци

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на ветот, е горд сопственик на златна МекДоналдс картичка која му овозможува да јаде во било кој фаст фуд ресторан на овој ланец на планетата целосно бесплатно.

Од друга страна, американскиот режисер Џорџ Лукас никогаш не е гладен во град во кој постои ланецот на ресторани Бургер Кинг.

Познатите ресторани им ја даваат оваа привилегија на славните и богатите луѓе, но инсистираат за овие престижни картички да не се зборува па целосната листа на нивните сопственици не е позната.

Луксузни предмети и патувања

Доделувањето на награди и премиерите на филмовите се одличен полигон за промовирање на луксузни предмети. Не не чуди што на богатите и славните им се даваат торби полни поклони со огромна вредност.

На доделувањето на Оскарите на пример, нивната вредност достигнувала и до 168 илјади американски долари, поради што се прошири муабет дека никој не е губитник на гала вечерта на Американската академија. Пред неколку години во “ќесички” се наоѓал ваучер за едногодишен наем на луксузниот автомобил Silvercar Audi, велосипед вреден 1.200 американски долари и бесплатно патување во Италија, како и уште неколку “ситни” погодности.

Екстремни искуства

Резервацијата за комерцијален лет во вселената може да си ја дозволи само мал дел од светската популација. Сепак, некои возбудливи искуства најбогатите луѓе можат да ги добијат целосно бесплатно.

Кога светските мудреци ќе смислат некоја нова иновација – милионерите и милијардерите се први кои можат да го испробаат тоа сосем бесплатно.

Ричачрд Бренсон е огромен љубител на екстремните спортови, па не не чуди што е помеѓу првите кои ги пробува новите реквизити и возила за адреналински искуства како преносни ракети-летала или познати како џетпек. Овој богаташ, тежок околу 4 милијарди долари, обожава кајтсурфинг, возење со балон на врел воздух, а во свој посед има и приватна подморница.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format