Како да ја направите среќна секоја вагина? Купете си…


Женскиот полов орган освен функционален, може да биде и извор на задоволство, секако истото важи само ако се грижите за „неа“.

Еве неколку предлози да и го разубавите секојдневието на секоја вагина.

Купете секси долна облека

Aко сакате да танцувате на “I Like Big Butts” во вашите нови секси гаќички нема ништо лошо во тоа.

Купете супер удобна долна облека

Секси долната облека и бабските гаќи не одат заедно, но вашите интимни делови дефинитивно имаат корист и од двете. Удобната бела долна облека секогаш треба да има свое место во вашата фиока.

Бидете голи

Има нешто неверојатно ослободувачко кога по долгиот ден ќе ја соблечете доланта облека и ќе се прошетате голи низ дома. Всушност тоа е само една од причините поради кои треба да бидете почести голи, останатите прочитајте ги тука.

Јадете храна која вашите интимни делови ја сакаат

Конзумирањето овошје, зеленчук, житарки со цело зрно, јогурт, итн., можат да ви помогнат да го одржите и подобрите вагиналното здравје. Прочитајте повеќе за поврзаноста помеѓу храната и вагиналното здравје тука.

Проверете се

Никако не заборавајте на редовните посети кај вашиот гинеколог, дури и кога мислите дека се е во ред. А кога мислите дека можеби не е, имајте на ум дека гинекологот е тој на кој можете да му кажете се. Сфатете го како психијатар за вагини и не му ги премолчувајте работите објаснети тука.

Пробајте нова играчка

Исто како да не сте живееле ако не сте пробале вибратор. Постојат толку многу опции кои можете да ги истражите, а пред да купите нова играчка проверете што треба да знаете тука.

Пресоблечете се после вежбање

Прескокнувањето на туш сесија по вежбање може да доведе до габична инфекција, а за да ја избегнете оваа непријатна ситуација најдоброто што можете да направите е да се грижите за добрата хигиена.

Правете Кегелови вежби

Иако не постои гаранција, сепак постои можност Кегеловите вежби да ве доведат со посилни оргазми. Дали знаевте дека можете да ги правите и за време на секс?

Направете бразилска депилација

Можеби ќе ве боли во моментот, но вашите интимни делови ќе изгледаат мазни и фенси потоа.

Купете си лубрикант

… и експериментирајте со него сами и со вашиот партнер.

Мастурбирајте!

Последно и најважно, посветете си внимание самите на себе и уживајте.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format