Одличен турски десерт, со кој ќе ги изненадите вашите најблиски…

Состојки:
5dl ладно млеко
40g кокосово брашно
60g брашно
80g шеќер
1 ванилин шеќер
1 лажица путер
Сечкани ф’стаци, бадеми или лешници за декорација
Подготовка:
Во тенџере со средна големина ставете го млекото, па додајте го кокосот, шеќерот, ванилиниот шеќер и полека истурајте го брашното. Мешајте постојано со дрвена лажица. Смесата оставете ја да зоврие, но со постојано мешање. На крај додадете го путерот и почекајте да се растопи. Тргнете од шпорет и додека десертот е уште жежок претурете го во огноотпорни мали садови. Секој сад покријте го со пластична фолија и оставете го да се олади во фрижидер. Истурете малку сечкани ф’стаци, бадеми, лешници или збогатете го вкусот со уште малку кокосово брашно.
Connect with us