Ким ги советуваше жените како градите постојано да им бидат подигнати


Ким ги советуваше жените како градите постојано да им бидат подигнати…

“Ова е мојот таен трик”, напиша Ким Кардашијан (35) покрај фотографијата на која се гледа дека преку градите става селотејп (или заштитна креп трака), но во секој случај таа тврди дека ова е одлично решение за оние фустани од кои може лесно се да “испадне”.

Сега знаеме како нејзините гради секогаш изгледаат така совршено на црвениот тепих, како и што има под фустанот кој го облече минатата недела кога нејзиниот сопруг Кање ја промовираше новата модна колекција и албумот.

“Дефинитивно морав со вас да ја споделам оваа своја тајна. Со години веќе користам разни лепливи ленти, дури и оние за пакување. Тоа е само неколку минути работа, а се исплати, верувајте ми”, напиша Ким и додаде дека е важно кожата да биде сува, без лосиони и креми за тело, бидејќи тоа го оневозможува лепењето.

Но, внимавајте – Ким предупредува дека отстранувањето на лентите боли!

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format