Креаторот на атомска бомба паднал во депресија кога видел во каква катастрофа учествувал


Креаторот на атомска бомба паднал во депресија кога видел во каква катастрофа учествувал.

Многу експерти тврдат дека фрлањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки на 6. и 9. август 1945. година пресудно влијаело на јапонскиот цар Хирохита да пружи рака.

Крајот на Втората светска војна следел брзо после фрлањето на атомската бомба на Јапонија, а научникот кој помогнал во нејзиното правење паднал во голема депресија кога видел каква катастрофа предизвикала.

Пред неколку дена, на 3. септември беше одбележана 75 годишнина откако Јапонија официјална потпишала капитулација, што довело до крај на Втората светска војна.

Причините за предавањето се поврзани со сложените воени и политички фактори, меѓутоа, многу експерти тврдат дека фрлањето на атомските бомби на Хирошима и Нагасаки на 6. и 9. август 1945. година пресудно влијаело на јапонскиот цар Хирохита да пружи рака.

Бомбата е осмислена и создадена во САД, за проектот Менхетен се регрутирани научници кои би требало да го постигнат она што тогаш изгледало невозможна задача – создавање на нуклеарно оружје за само три години.

Меѓутоа, во тимот научници бил и РИчард Фајнман, теориски физичар и добитник на Нобелова награда, за кој се смета дека го променил лицето на науката и физиката во втората половина на 20. век.

После фрлањето на бомбите, Фајнам ги сфатил размерите на уништувањето кон кое има лдопринос и паднал во длабока депресија.

-Можеби само поради бомбите, а можеби и од некои други психолошки причини бидејќи ја изгубив сопругата, навистина бев во депресивна состојба – изјавил тој во архивска снимка која во 2013. година ја објавил БиБиСи.

Во месеците после ова, заедно со трагичната загуба на својата прва жена Арлин Гринбаум, Фајнам го изгубил чувството за реалност.

После фрлањето на бомбата во Хирошима загинале 146.000 луѓе, а во Нагасаки околу 100.000.

Последиците од фрлањето на бомбите се чувствуваат и денес, а радиоактивниот отпад и труењето со пренесуваат низ генетиката, што предизвикува скок на стапката на рак во регионите.

Зрачењето може веднаш да го уштети и убие човековото ткиво и има ефекти кои се јавуваат во текот на долг временски период.

Истражувањата покажуваат дека десетина години после бомбардирањето, гените на луѓето започнале да се менуваат и мутираат, предизвикувајќи смртоносни болести како што е леукемијата.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format