Кристијан ќе изгуби 150.000 евра во Задруга доколку и го направи ова на Станија


Кристијан ќе изгуби 150.000 евра во Задруга доколку и го направи ова на Станија…

Кристијан Голубовиќ синоќа се всели на имотот на Шимановци како натпреварувач во реалити програмата “Задруга 4”.

За учеството во ова ријалити добил огромен хонорар, но морал да се согласи на еден услов, пишува Објектив.

Кристијан, наводно, не смее да ја допре Станија или го губи целиот хонорар.

“Конфликтот помеѓу Станија и Кристијан во почетокот делуваше како наместена драма, се додека еден со друг не започнаа да се упатуваат ниски удари и навреди. За да му се одмазди што ја нарекувал проститутка, Станија го спомна семејството на Кристијан, после кое настанал хаос. Неговите закани не биле наивни, поради што се обратила до продукцијата и побара со посебен договор да и ветат заштита од Кристијан. За неколку дена и тој добил документ со кој му е ставено до знаење дека ќе ги изгуби сите пари доколку ја удри”, изјавил изворот и открил дека дополнителниот договор го разбеснел Голубовиќ.

Иначе, според пишувањата на медиумите, тој со хонорарот планира да купи локал и стан, за да ја обезбеди ќеркичката Вера, наведува изворот.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format