Купиле половна камп приколка и во нејзе пронашле огромно богатство: Во фиоката имало…(ФОТО)


Откако прочитале, останале во неверување, бидејќи сепак ова било дело на дете, а писмото предизвика воодушевување на социјалните мрежи.

Семејство кое купило камп приколка откриле срдечно писмо кое останало од поранешните сопственици. Додека се подготвувале за првата авантура, семејство од Бризбејн пронашле напишана порака оставена во една од фиоките, кое го напишало 10 годишно девојче по име Попи. Била скриена под креветот заедно со бела белегзија, а пораката била упатена кон новите сопственици на камп приколката.

Пораката гласела: “Ова некогаш беше наша камп приколка и во неа ја пропатувавме половина Австралија. Ова беше мојот кревет (горниот) и беше многу добро. Во оваа фиока (каде го најдовте ова писмо) ги чував сите свои посебни работи кои не можев да ги оставам кога тргнувавме на патување. Се надевам дека ќе уживате во оваа камп приколка.

Јас сум 5. одделение и сум многу добра во уметност. Имам порака за вас: Следете ги своите соништа и кога можете да бирате дали ќе бидете во право или ќе бидете љубезни, изберете ја љубезноста.

Уживајте во оваа камп приколка.”

Писмото било споделено на Фејсбук, и собрала голем број лајкови и позитивни коментари, луѓето биле воодушевени со позитивната порака на Попи.

-Мудри зборови, Попи – за тогаш, за сега и засекогаш – гласел еден од коментарите.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format