Погледнете како овој човек го преуредил и максимално го искористил животниот простор од 51 квадрат.

Ова е приказна за малите станови кои се преуредени така да овозможуваат комфор на повеќечлено семејство. Доколку поседувате стан од педесетина квадрати, ова е пример како можете да го опремите за да биде крајно функционален.
Станот на последниот кат, му овозможил на сопственикот излез на кров кој во овој случај е преуреден во градина. Целиот кров е дизајниран така што на него може да се засади зеленчук и цвеќиња, додека станарите добиле втор парк и простор за уживање.
Во овој случај, 51 квадрат стамбен простор е поделен на спална соба, кујна, дневна соба, купатила, остава и балкон.
Ваквите станови се наменети да во нив се живее со полни гради, без никакво оптеретување. Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
Connect with us