Лоши вести пристигнуваат од Скопје: Откриен е нов…


Нов кластер на заразени се појави во општинските простории на Град Скопје. Според информациите до кои дојде порталот Инфомакс заразен е вработен во градската администрација.

Поради потврдениот случај на коронавирус во првата барака, односно барака број 1 од административниот објект во Градскиот парк оди во изолација.

По потврдениот случај на Ковид 19 на еден од вработените сите негови колеги заминуваат во изолација. Од утринава на сите вработени кои влегуваат во општинските просотории им се мери температура.

Инфомацијата за Инфомакс ја потврди и портпаролот на Град Скопје, Валон Салиу кој потврди дека има еден заразен, а 20 вработени се во изолација. Тој потенцира дека превземени се сите мерки за дезинфекција на објектот.

Извор: Инфомакс


Like it? Share with your friends!

1
1 share, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format