Луѓето застанаа во одбрана на пијаната девојка која уринираше на кеј: Еве зошто ја бранат…

Граѓаните на Нови Сад, но и целата Србија масовно застанаа во обдрана на девојката која пијана уринираше н кејот во Нови Сад пред очите на минувачите.
Видео снимката од девојката, која на општо запрепастување на оние кои биле таму во моментот, уринирала на преполното градско шеталиште во Нови Сад, а видеото се прошири како пожар на социјалните мрежи.
На снимката, која најверојатно е забележана во текот на минатиот викенд, се гледа млада жена која во алкохолизирана состојба или под влијание на наркотици, го соблекува долниот дел од облеката и започнува да уринира, додека околу нејзе седат и поминуваат десетици луѓе.

Како да овој чин сам по себе не е доволно понижувачки, девојката потоа се мачи да стане, и со потешкотии гола оди по шеталиште, борејќи се да ги облече панталоните. Иако овој нејзин потег е секако за осуда, на поголем удар од јавноста се најдоа оние кои го направиле видеото и започнале да го шират на социјалните мрежи.
Се повеќе луѓе во коментари ги осудија токму тие луѓе, додека ја бранеле девојката.
-Девојката очигледно е под дејство на алкохол или некои други супстанци. Уште пострашно е што некој го направил видеото, како и тоа дека околу нејзе има десетици луѓе кои ја гледаат и се смејат – коментирала една жена.
Не била осамена во ставот.

-Навистина е недолично да го снимаш некој кој е во ваква состојба. Подобро да и помогневте на девојката наместо да ја исмевате – коментираа други.
-Младите немаат каде да извршат нужда бидејќи тоалетите не постојат, а сите знаеме дека тие редовно се собираат тука – тврди еден жител на Нови Сад, пишува Српски Телеграф.
Connect with us