Мажите лудуваат по неа, тие тврдат, ова е најубавата докторка на Балканот (ФОТО)


Докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ е член на Кризниот штаб и еден од најмногу коментираните епидемиолози во Србија.

Таа за кратко време стана препознатливо ТВ лице токму поради фактот што често е на малите екрани, но поради тоа е изложена на бројни позитивни критики, но и навреди кои можат да се карактеризираат како секситички и шовинистички поради нејзиниот изглед, кој не би требало да биде тема.

Но, како што е вообичаено, жените се оние чиј изглед најмногу се коментира, а поради тоа што доктор Тепавчевиќ е прилично дотерана жена која води грижа за тоа како се појавува во јавноста – набрзо следеа коментари токму на таа тема.

Додека дел ја критикуваа, огромен процент од мажите застанаа во нејзина одбрана и и покажаа огромна благодарност за нејзината досегашна борба против корона вирусот, и и ја дадоа титулата најубава докторка на Балканот.

Не е тајна дека докторката прима огромен број комплименти на социјалните мрежи поради својот изглед, но, целосно заслужено, таа навистина изгледа фантастично.

Доктор Дарија Кисиќ Тепавчевиќ сепак не посветува премногу внимание на ваков тип на коментари и секогаш нагласува дека тоа не е, и не треба да биде тема, и дека таа е на располагање на јавноста исклучиво кога е во прашање епидемиолошката ситуација, и кога треба да го изнесе своето стручно мислење.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format