Мистериозно НЛО се појави на тмурното небо: Вонземјани или шпиунски авион? (ВИДЕО)


Мистериозно НЛО на тмурното небо: Вонземјани или шпиунски авион? Снимката на Јутјуб ја погледнале повеќе од 100.000 луѓе.

На почетокот на август, републиканецот Марко Рубио, објави детали за мистериозни летала кои се снимени над воените бази во САД, се со цел некој да ги идентификува. Тој изјави дека се надева дека “вонземјани управуваат со неидентификуваните објкети кои ги шпиуираат базите, а не Кинези или Руси”.

Дваесетина дена подоцна, видео-снимка забележана во Тексас повторно ја разгорува приказната за вонземјани и теории на авера, бидејќи прикажува летало во облик на триаголник, со црвена боја, како лебди во воздухот.

Што е на снимката?

Еден од познатите теоретичари на завери на Јутјуб, MrMBB333 ја сподели снимката со своите следачи, објаснувајќи дека леталото не произведувало звуци, додека било “паркирано” на небото.

Снимката е прегледана од околу 100.000 луѓе, а многумина веруваат дека станува збор за мистериозното летало TR-3B Black Manta, кое со години го привлекува вниманието на јавноста, иако нема потврда за неговото постоење.

Супертајниот проект на САД, наводно, се користи за најчувствителни шпиунски операции, а предмет е на разноразни шпекулации на социјалните мрежи.

Интересно е што нешто порано во јужните делови на САД, е забележано слично летало, како и во февруари над автопат во Богота, Колумбија.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format