Модрица на окото е знак на Илуминатите? Тоа е дел од ритуалот и еве што претставува (ФОТО)


Се појави бизарна теорија на заговор која зборува за тоа дека познатите личности кои се забележани со модрица на левото око, се всушност Илуминати.

Според таа теорија на заговор, модрицата на окото е дел од процесот на ритуалот за иницијација во култот или кај Илуминатите, каде што личноста мора да претрпи болка, за да стане помоќна.

Со модрица на окото се фотографирани поранешни претседатели, членови на кралското семејство, актери, актерки и многу други.

На овој список се наоѓаат и многу јавни личности како што се актерката Елизабет Харли, РОберт Дауни Џуниор како и Бој Џорџ.

За ова зборуваше и Шери Шринер, која ја напиша книгата “Интервју со ѓаволот”, во која тврди дека разговарала со Луцифер. Според неа, лидери на владите, луѓе кои имаат емисии на ТВ и стотици популарни забавувачи ги продале своите души на ѓаволот.

-Не можеш да бидеш на ТВ сега, а да не потпишеш “договор” Бизарното повторување на модриците на лицата на илуминатските политичари и забавувачи резултирало со шпекулации дека нивните души се заменети со сотонски обред наречен скалпирање на душата – истакнала таа.

Шринер, која починала порано оваа година, верувала дека на сите моќни луѓе на светот душите им се скалпирани. Таа навела дека тоа може да се направи на повеќе ритуални начини, а сето тоа да резултира со поседување, при што човечката душа се отстранува а телото го превзема демонски ентитет.

Во круговите на теоретичари на завери, ваквиот процез е познат и како “влегување”. Некои луѓе веруваат дека црното око е резултат на скалпирање на душата. Во меѓувреме, познатите се обиделе на разни начини да објаснат од каде потекнуваат модриците на нивното око.

Така, актерот Адам Сендлер изјавил дека го удрил – нероденото дете на бремената Дру Баримур – или дека се повредил играји кошарка.

И поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш е забележан со модрица на окото. Првата од 1992 година, тој објаснил дека ја добил откако неговиот внук го удрил со топка снег, а другата од 2004 година, ја добил откако паднал од велосипед, а неодамна изјавил дека микрофон го удрил во лице додека држел говор.


Like it? Share with your friends!

-1
16 shares, -1 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format