Спортистката опишала каква тортура преживеала на тренинзите.

Славната лизгачка од Кина, Џесика Шуран Ју, која го претставувала Сингапур на натпревари, одлучила да проговори и опише низ какви маки морала да поминува во текот на својата кариера.
Таа на својот Инстаграм профил ги изнесе сите детали, а нејзината објава предизвика сериозни реакции во јавноста и во светот на спортот.
-Имав 11 години кога започна физичкото злоставување. Тренерот ме тепаше со заштитна навлака за ножевите на лизгалките. Кога ќе се налутеше, а тоа се случуваше секој пат кога ќе направев и најмала грешка, бараше да ги испружам рацете и започнуваше да ме удира по нив.
-Некогаш ме тепаше и без предупредување по рацете и нозете и тоа пред сите на лизгалиштето. Кога имал посебно лош ден, ме удираше и по десет пати последователно – започна Џесика со својата исповед и продолжи:
-Кога би имала проблеми со скоковите, би ме повикал да застанам близу него и потоа ќе ме удри во потколеницата со остриот дел од неговите лизгалки. Ќе ми потечеше крв, но мораше да продолжам со тренингот.
-Имав само девет години кога тренерот ме праша дали сум подготвена да направам се за да заминам на Олимписките игри. Одговорив дека сум, иако тогаш немав поим што значи тоа – напиша 20 годишната лизгачка која тврди дека тренерот и нанел повреда два дена пред олимписките квалификации на кои не успеала.
Connect with us