“Му порачуваме на Маск прво сам себе си да си го чипува мозокот”


“Му порачуваме на Маск прво сам себе си да си го чипува мозокот”

Како што добро знаеме, Маск на презентација на технологија Неуралинк се послужил со свиња по име Гертруде, па со помош на безжичната конекција на уредот ја следел активноста на мозокот на животното. Друштво за заштита на животните го подигна гласот против овој експеримент.

Првите резултати се добиени на основа на тестирање на лабораториски глувци во чиј мозоци се имплантирани 1.500 електроди за кои не можеше со сигурност да се тврди дали би функционирале и во човечкиот мозок.

Проблемите започнале уште тогаш, а ескалирале кога во процесот е вклучена и една свиња, а се побуниле и многумина кои ова го сметаат за злоупотреба. “ПЕТА го предизвика Илон Маск да биде вистински пионир и да ја испроба технологијата со чипување на сопствениот мозок”, му порачаа од оваа организација за заштита на животните.

Автономните автомобили и ракети можат да се тестираат без животински субјекти, но нетестирани медицински уреди бараат субјекти, а мала е веројатноста дека било кое човечко суштество ќе се согласи да подлегне на таков третман (а и да се согласат, проблемот во тој случај би бил уште посложен).

Тука на сцена стапуваат свињите и другите животни, имајќи во предвид дека не се во состојба да одбијат учествување во некој експеримент.

Маск во текот на експериментот истакнал дека свинскиот мозок одговара со тоа што по функционалност е поблизок до човечкиот од невроструктурата на помалите животни. Доколку уредот во свинскиот мозок во наредните два месеци добро се покаже, тоа е добар знак дека би функционирал и кај луѓе.

Погледнете го видеото во продолжение:

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format