НАСА со предупредување: Група астероиди се движат кон земјата, еве кога постои можност за удар на земјата


НАСА со предупредување: Група астероиди се движат кон земјата, еве кога постои можност за удар на земјата…

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека наскоро пет астероиди ќе поминат покрај земјата. Истовремено, системот на агенцијата за следење астероиди идентификуваше вселенска карпа од која се заканува најголемиот ризик од удар, но дури помеѓу 2052 и 2119 година.

Покрај земјата во текот на викендот ќе поминат два астероиди, еден со големина од речиси 37 метри, односно со големина на распонот на крилата на авионот Боинг 747, додека другиот со големина од 22 метри.

Астероидите ќе поминат на оддалеченост од нешто повеќе 4,3 милиони километри од нашата планета. НАСА, меѓутоа, укажува дека следната недела пристигнуваат уште три астероиди, од кои еден ќе биде со големина од 30 метри, а другиот со големина од 42 метри.

Набрзо потоа ќе пристигне уште еден астероид, исто така со големина од 42 метри.

Тие покрај Земјата ќе поминат на оддалеченост од 4,5 6,75 и 6,43 километри. Колку за споредба, Месечината е од Земјата оддалечена 385.000 километри.

Во меѓувреме системот на НАСА за следење регистрираше астероид за кој се проценува дека постои опасност дека ќе удри во Земјата.

Како што се наведува, тоа би можело да се случи помеѓу 2052 и 2119 година, односно најрано на 12 февруари 2052 година.

Сепак, НАСА соопшти дека шансите за судир се мали и дека веројатно астероидот ќе согоре во атмосферата при што би приследил спектакуларен “огномет”.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format