Научниците објавија вознемирувачки информации за корона вирусот: “Нема знаци дека корона вирусот е…


Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека коронавирусот ќе трае подолго време и дека ковид-19 не е сезонска болест.

Тие додадоа дека коронавирусот ги сака сите годишни времиња и дека не е точно дека во лето сме заштитени.

Стандард пишува дека портпаролката на СЗО Маргарет Харис појаснила дека коронавирусот е респираторен вирус, кој иначе историски се запаметени како сезонски, но во овој случај овој вирус не се однесува така.

Како пример, таа наведе дека во најтешко погодената држава од корона вирусот САД, во моментов е лето, а во втората најпогодена, односно Бразил, во моментов е зима.

“Изгледа дека годишните времиња не делуваат на пренесувањето на вирусот кој усмртил повеќе од 650.000 луѓе во светот и заразил повеќе од 16 милиони”, изјави Харис на краткиот виртуелен брифинг во Женева.

Таа апелираше луѓето ширум светот да бидат одговорни и да не се собираат во големи групи и дека на тој начин ќе го сузбијат ширеењето на заразата на коронавирусот.

Официјалното лице на СЗО потсети на фактот дека опасноста од зараза преку лето е помала и напомена дека летото сепак може да биде проблем, бидејќи тој вирус ги сака сите годишни времиња.

Таа напомена дека спојот на вирусот грип, кој е сезонски и се појавува во зима, и новиот коронавирус се загрижувачки, бидејќи можат да го зголемат притисокот врз здравствените системи.

“На сите им препорачуваме да се вакцинираат против грип”, советуваше таа.


Like it? Share with your friends!

-1
1 share, -1 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format