Научно истражување откри многу непријатна работа за луѓето кои одбиваат да носат маски, тие луѓе се…


Научно истражување откри многу непријатна работа за луѓето кои одбиваат да носат маски, тие луѓе се…

Интересни резултати од истражувањето.

Според неодамнешните истражувања, за луѓето кои одбиваат да носат маски на лицето или одлучат да ги игнорираат мерките за социјално дистанцирање во текот на пандемијата со коронавирусот, постои сериозна веројатност дека се социопати.

Според Healthline: “Социопат е термин кој се користи за опишување на некој кој има антисоцијално пореметување на личноста (ASPD).

Луѓето со АСПД не можат да ги разберат туѓите чувства. Често ќе ги кршат правилата или ќе донесуваат импулсивни одлуки, а да не се чувствуваат виновни за штетата која ја нанесуваат”.

Тоа се карактеристики за кои професорот Фабиано Мигел и колегите од “Universidade Estadual de Londrina” верувале дека се поврзани со избегнувањето на правилата за носење маски.

Наодите потекнуваат од анкета од околу 1.578 возрасни бразилци кои биле прашани за почитувањето на мерките кои се пропишани поради сузбивањето на Ковид-19.

На учесниците им е поставено едно прашање: “Дали мислите дека е потребно често користење маска за лице/социјална дистанца/миење раце?”

На основа на наодите, учесниците биле поделени во две групи: “група емпатија” и “асоцијална група”. “Групата емпатија” била создадена од 1.200 луѓе, кои покажале разбирање за постоечките мерки и биле заинтересирани за “развивање на позитивни социјални интеракции” со другите. Преостанатите 400 луѓе се сместени во “асоцијалната група” и тие го покажале спротивното.

Истражувачите изјавиле дека луѓето од оваа група претставуваат поголем општествен ризик за другите, на основа на недостатокот на грижа за помогнат во намалувањето на бројот на смртни случаеви почитувајќи ги правилата. Исто така се склони да бараат начини на кои интеракцијата со другите би можела лично да им користи, поголема е веројатноста да се чувствуваат “социјално одвоено” и да се впуштат во непријателско однесување.

Истражувањето на Daily Mail вели: “Нашите наоди покажааа дека асоцијалните личности, посебно пониското ниво на емпатија и повисоко ниво на превземње ризик, директно се поврзани со пониското почитување на мерките за сузбивање на коронавирусот.

Овие карактеристики објаснуваат, барем делумно, зошто луѓето и понатаму не се придржуваат до мерките за сузбивање дури и со се поголем број на случаеви на зараза и смртни случаеви.”

Меѓутоа, водечки истражувач, професор Мигел изјавил дека на резултатите мора да им се пристапи со одредено внимание.

-Не можеме да кажеме дека, ако личноста одлучи да не носи заштита маска, единствената причина е што тој е социопат. Иако тоа е можно, веројатно во прашање ссе и други фактори. На пример, некои луѓе не носат маска од здравствени и инавлидни причини и можат да имаат картица за исклучок – изјавил тој.

Експерти во Полска исто така дошле до слично откритие, откривајќи дека луѓето со психопатски и нарцисоидни карактеристики веројатно ќе ги игнорираат ограничувањата поврзани за пандемијата, правилата за маска за лице, миење раце, социјална дистанца и мерки за престој дома во екот на пандемијата.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format