Најголемата тајна за време на бомбардирањето на НАТО во Србија: Српските авиони ги нападнале базите во…


Наводно, српските авиони, во 1999. година за време на воздушните напади на НАТО врз Југославија ги нападнале воените бази на Северноатланската алијанса во Тузла и Тирана кои биле уништени во целост.

Најголемите приказни во текот на бомбардирањето на СРЈ 1999. година а за кои слушнале сите Срби, се поврзани за нападите на тогашната Војска на Југославија врз аеродромите во Тузла и Тирана каде што биле стационирани НАТО силите. Меѓутоа, овие наводи никогаш не се потврдени.

Во недела на 18. април во 13:30 часот, српските авиони изененадно ги нападнале НАТО авионите бидејќи во тоа време поради дефект (саботажа на српските оперативци) бил исклучен радарот на аеродромот во Тузла. Изненадувањето било потполно бидејќи авионите биле приметени на 10 километри од аеродромот во Тузла со што било доцна да полетаат авионите на НАТО. Четири НАТО авиони во парови биле спремни за полетување, но се српските авиони ги спречиле во тоа. Тоа била ризична акција и иако од базата било јавено дека српските авиони биле приметени, никој од пилотите не сакал да ја прекине акцијата. По изјавата на мајорот Гавриловиќ кој летал на еден од Орлите, тој испуштил бомба врз група оштетени НАТО авиони кои се наоѓале на пистата десно, со што со повторен прелет ги нападнал хеликоптерите на НАТО. По него тргнале уште 3 Орли кои имале сопствени задачи, додека 2 Орли останале и имале задача да прецизно ги гаѓале авионите кои се спрелае да полетуваат и 8-те ловци кои пред некој ден пристигнале во Тузла. Два MIG и еден Galeb со ракети и митролези ја довршувале работата.

Според неофицијални информации, акцијата била изведена премногу брзо, а наводно траела околу 15 минути и тогаш при враќање кон Пониква, со ракета земја-воздух бил соборен еден Орел. Останатите осум авиони се вратиле до аеродромот Пониква. Епилогот од оваа акција се уништени 17 авиони и 3 хеликоптери, додека некои други неофицијални извори кои имале можност да ги видат последиците од овој напад тврдат дека се уништени 21 авион и 3 хеликоптери, но поради ланчаните експлозии се уништени и 2 транспортни авиони, како и значаен дел од техниката. Посебен бес во НАТО предизвикала и загубата на 11 офицери, пилоти и технички персонал.

Вториот напад врз НАТО, наводно се случил во Тирана каде што била стационирана ескадрилата од 12 Апачи ракетни хеликоптери кои требале да бидат воздушна подршка за Аталнтската бригада која се спремала преку превојот Кошара и Горожуп заедно со силите на НАТО да извршат пробој и да ги заземат Косово и Метохија.

Наводно, Аталнтската бригада ја сочинувале околу 6.000 доброволци од иностранство со Американски инструктори. Првиот напад се случил на 13 април, кога 4 српски авиони го нападнале кампот на Атлантската бригада кој се наоѓал близу местото Каменица на северот на Албанија. Во таа прилика е соборен еден Апач хеликоптер а на Атлантската бригада и се нанесени сериозни загуби. Таа операција била посебно ризична бидејќи од аеродромот Пониква до Тирана требало да се лета речиси еден час (54 минути) а во исто време да се биде неоткриен од страна на радарите, НАТО авијацијата и авакс системите.

Спрема тврдењата на аналитичарот Трајковиќ нападот е планирана така што 2 пара Галеби G-4S синхронизирано да полетаат од аеродромот Пониква и Голубовци кај Подгорица и незабележливо да влезат длабоко на територијата на Албанија. Акцијата била изведена така што во низок лет низ планинските превои прво долетале 2 G-4S од аеродромот Голубовци, а по 20 минути стигнале уште 2 Галеби G-4S од аеродромот Пониква. Резултат од овој напад биле импресивни, уништени биле 5 Апачи, а сите 4 Галеби успешно се вратиле во своите бази. Полниот ефект на овие напади се забележил и поради фактот што НАТО до крајот на агресијата врз Југославија не користел Апачи.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format