Најплатената манекенка на светот проговори за болеста која ја мачи веќе 8 години: Понекогаш го заборавам патот до дома и чувствувам како…


Најбранатата манекенка на денешницава, родена во Вашингтон, ИТ девојка и вистинска Инстаграм ѕвезда Бела Хадид, неодамна отворено зборуваше за болеста со чиј последици се бори уште од 2012. година.

Бела Хадид има 23 години, а од својата 14. започнала да се соочува со низа непријатности – аритмија на срце, промени во расположението, болка во зглобовите, потење, мачнина, несоница, тегоби и збунетост.

Се било уште потешко и поинтензивно кога наполнила 18. година, а болеста за прв пат и е дијагностицирана во 2012 година. Станува збор за лајмска болест, поради која се откажала од својот сон да се занимава со јавање.

“Тоа толку влијаеше на моето памтење што одеднаш не знаев како да се вратам од Малибу до Санта Моника каде што живеев. Не можев ниту да јавам. Ми беше многу лошо. Мораше дури да го продадам и коњот, бидејќи не можев да се грижам за него”, изјавила тогаш Хадид.

Бела лајмската болест ја нарекла “невидлива”, со оглед на тоа што очигледно и нема физички манифестации.

Иначе, од лајмска болест пателе и нејзината мајка Јоланда и братот Анвар, а уште некои од славните ѕвезди кои го имале ова заболување се и Џастин Бибер, Алек Болдвин, Шанаја Твејн, Бен Стилер, Кели Озборн и други…

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format