Најпознатата кандаска докторка предупредува: Носете маски додека имате секс


Немојте да се бакнувате и носете маски во текот на интимните односи за да се заштитите од коронавирус.

Немојте да се бакнувате и носете маска во текот на интимните односи за да се заштитите од коронавирус, изјави една од водечките канадски докторки Тереса Та.

Таа вели дека се мали шансите за зараза со коронавирус преку сперма или вагинални течности, но сексуалните активности со новиот партнер го зголемуваат ризикот од зараза со вирусот, посебно доколку дојде до близок контакт како бакнување.

“Како и други активности кои вклучуваат физичка близина, постојат некои работи кои можат да се направат за да се намали ризикот од зараза и ширење на вирусот. Прескокнете го бакнувањето, избегнувајте средба лице во лице, носете маска која ја покрива устата и носот и контролирајте ги потенцијалните сопствени и сиптомите на својот партнер”, изјавила Там и додала дека најсигурна сексуална активност е онаа во која учествуваме сами.

“Сексуалното здравје е важен дел од целокупното здравје, и со превземање на мерките за претпазливост, луѓето ќе можат да пронајдат начини за уживање во телесната интимност – истовремено штитејќи го напредокот постигнат во борбата со коронавирусот”, заклучила докторката.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format