Најстрашното проклетство на Тито од кое се плашеле и неговите наследници


Најстрашното проклетство на Тито од кое се плашеле и неговите наследници…

Покрај битката за наследството од Тито, наследниците на Броз ги поврзува и една малку бизарна работа, а тоа е несреќата во љубовта, тие исто како и Маршалот се разведуваа повеќе пати.

Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз од вкупно 5 бракови, а кои 3 биле официјални има две деца, двајца синови Жарко и Мишо и шест внуци Јошко, Златич, Едвард, Светлана, Александра и Андреја, кои денес се легитимни наследници на богаството кое им го остави Тито.

Вистинската војна за наследство се води 32 години, а покрај семејството на Тито, тука се и наследниците на Јованка Броз последната сопруга на Тито, но и Караџорџевиќ, бидејќи многу пронајдени предмети од сефот ги поврзува со нив. Сепак покрај војната за наследството од Тито, Брозовите наследници ги спојува и бизарната работа, а тоа е дека немаат среќа во љубовта.

Семејството на Јосип Броз Тито секогаш била интересна за медиумите.

Најстариот Жарко Броз е дете на Тито од првиот брак со Пелагија Бјелоусов, роден е во 1924 година, детството и раната младост ја поминал во Москва. До крајот на Втората светска војна, Жарко живееше во Советскиот Сојуз, се бореше како официр на Црвената армија,два пати беше одликуван и тешко повреден, тогаш ја изгуби и раката. По ослободувањето, 1945, Жарко од СССР ја донесе својата голема љубов Тамара Вегер, со која во 1947 го доби синот Јосип-Јошко, а во 1949 ќерката Златица.

Заради аферата со Тереза Кујунџиќ ангажирана била и УДБА, а Тито долго време не разговарал со својот син. Во 1951 Жарко од бракот со Тереза го доби синот Едвард, а само 4 години подоцна, бил во брак со трета сопруга и ја добил ќерката Силвана.

Миша Броз роден е во 1941, а татко му прв пат го видел во 1945 бидејќи бил дете на Туто и илегалката Херт Хас, тој за разлика од неговиот брат не се разведувал, а во бракот со Мира Косинич има ќерка Александра и син Андреја.

Напознатиот внук на Тито Јосип Јошко Броз(68) син на Жарко и Тамара, првиот човек на Комунистичката партија и пензионер во Србија, се разведувал дури 4 пати, а од тие бракови има двајца синови Небојша и Виктор, како и ќерка од 10 години.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format