На сите вработени им дал плата од 70.000 долари, пријателите го убедувале дека ќе банкротира, погледнете што се случило со неговата компанија…

Пред четири години целиот свет го следеше потегот на Ден Прајс, претприемач со седиште во Сиетл.
Тој имено си ја намалил платата од милион долара годишно, на 70.000 за на сите свои вработени да може да им исплати плата од 70.000 долари.
Дан, сопственик на компанија за финансиски услуги Гревити пејментс, неодамна се огласи на социјалните мрежи и ги откри последиците од својата одлука.
“Кога воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во својата компанија во 2015. година, Раш Лимбо рече: “Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на проучување на програмите на МБА, за тоа како социјализмот не функционира бидејќи ќе пропадне”. Нашата фирма од тогаш се зголеми за цели три пати, а денес сме предмет на истражување од страна на Харвард”, напишал Прајс.
“Откако воведовме минимална плата од 70.000 долари годишно во 2015. година, нашите делување се зголеми за три пати, а бројот на вработени кои поседуваат сопствен дом порасна за десет пати. 70% од вработените ги отплатиле своите долгови, а бројот на деца на вработените, пораснал за цели десет пати. Отказите на вработените двојно се намалиле, а дури 76% од вработени се поангажирани, два пати повеќе од националниот просек”, напиша тој.
Неколку пати подоцна повторно се огласи: “Многу луѓе тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Јас не се согласувам. Луѓето на мене покажуваат како на новост. Се истакнувам со причина, никој не ме следеше во ова. Потпираето на беневолентните директори е рецепт за експлоатација на вработени.”
“Откако ја воведов таа плата секој ден добивам бесни пораки од луѓе кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. Тажно е што сме одгледани така што ги понижуваме другите, наместо да го преиспитаме системот кој не понижува”, напишал тој.
Во февруари тој за БиБиСи изјави: “Луѓето гладуваат, им се делат откази или ги искористуваат, така што некој може да има пентхаус на врв на зграда во Њујорк со златни столчиња. Постојано ја глорифицираме алчноста како општество, во нашата култура. И, знаете, листата на Форбс е најлош пример: Џеф Безос го надминал Бил Гејтс како најбогат човек. Кој го интересира?!”
Connect with us