Пандемија, немири, протести, пожари…Сега и астероид кои иде кон нас, но за среќа, нема место за паника.

Објектот 2018VP1 ќе и се приближи на Земјата на 2. ноември, наведува НАСА, која го следи веќе две години.
Астероидот ќе помине многу близу, поточно на 4.994 километри од нас, а постои многу мала шанса од 0,41% дека ќе ја погоди нашата планета.
Астероидот кој ни се приближува е многу мал – околу два метри во пречник, така што дури и ако влезе во земјината атмосфера, не постојат никакви шанси да стигне до тлото.
Споредбено, астероидот кој ги истребил диносаурусите бил најмалку десет километри во пречник и тоа после пробивањето на атмосферата во која изгубил на маса.
Од НАСА истакнуваат дека според сите сознанија досега, не постои причина за грижа.
Connect with us