Неколку знаци кои покажуваат дека тој е заљубен до уши во вас: Тој се претвора во вашето…


Неколку знаци кои покажуваат дека тој е заљубен до уши во вас: Тој се претвора во вашето…

Понекогаш, навистина не е лесно да утврдиме колку му се допаѓаме некому, посебно доколку сме на почетокот на врската. Можеби не е момент за сериозен разговор за чувствата, па затоа треба да се потпираме на сигнали кои ни покажуваат заљубеност кај одредена личност.

Ова се неколкуте неочекувани знаци на заљубеност кај мажите.

Не брза

Често се мислат дека брзањето во љубовта е прв знак за заљубеност, бидејќи партнерите не можат да дочекаат да се видат, бакнат, и се што иде после тоа. Но, мажот кој е навистина заљубен некогаш ќе биде срамежлив, успорен, бидејќи неговиот страв од тоа дека нешто ќе “расипе” е поголем од желбата сето тоа да оди брзо.

Станува смотан во ваша околина

Доколку вашиот нов партнер пред систе останати е целосно кул, смирен, шармантен, а кога сте само вие двајца, одеднаш станува смотан, тоа е знак дека многу повеќе му се допаѓате отколку што мислите.

Секогаш се однесува исто

Уште еден знак на заљубеност кој потекнува од несигурноста е повторно на одредени шаблони на однесување. Психолозите објаснуваат дека лицата на почетокот на врската имаат тенденција да одредени реченици или работи ги повторуваат, бидејќи ги сметаат за веќе утврден рецепт кој работи, и на тој начин ја маскираат непријатноста од излегувањето од удобната зона.

Тој станува вашето огледало

Посветете внимание на неговите покрети – доколку седите еден кон друг, вие сте ја потпреле главата на десната рака, тој го прави истото? Вие сте ги прекрстиле нозете, ги прекрстил и тој? Несвесното имитирање на покрети на друга личност е сигурен знак дека ви се допаѓа.

Не ветува кули и градови

Луѓето кои сакаат само нешто “набрзина” или романса без обврски се склони кон тоа да ветуваат кули и градови, прават грандиозни планови, само за да ја остварат својата цел. Но, искрено заљубен маж тоа не го прави. Тој ќе се фокусира на едноставни, мали работи, и ќе внимава секогаш да го исполни договорот или ветувањето, бидејќи знае дека на тој начин гради доверба која ќе биде основа на врската.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format