Неколку начини преку кои го уништувате бакнувањето: Премногу користите…


Допирањето со усните и јазикот е една од најубавите и најинтимните работи кои можете да ги поделите со партнерот.

Бакнувањето дури може да биде и вежба, а со малку воља и труд може да се доведе до совршенство.

Доколку навистина вашето бакнување сакате да го доведете до совршенства, најчесто овие работи би требало да ги избегнувате.

1. Премногу плунка

Добриот бакнеж е влажен, но партнерите кои ја преплавуваат устата со плунка, не се ниту симпатични ниту романтични. Премногу плунка околу устата, или во самата уста, ќе ја убие желбата за бакнување помеѓу партнерите.

2. Гуштеров јазик

Сигурно имате видено како гуштерот го исплазува својот долг јазик се со цел изненадно да го улови својот плен. Ете токму вака изгледате кога ќе го втурнете јазикто во устата на вашата сакана. Токму овој потег допринесува до квалитетот на бакнување.

3. Лош здив

Ништо не ја уништува страста помеѓу партнерите колку бакнежот со лош здив. Без оглед на тоа дали сте конзумирале некоја непријатна намирница пред бакнување, или пак изворот на непријатниот мирис е некој друг извор, пронајдете адекватен начин истиот да го отстраните од вашата уста пред да и се приближите на вашата сакана личност.

4. Отворени очи

Француски бакнеж со отворени очи дефинитивно не е сценарио. Замислете како би се чувствувале, доколку партнерот интензивно ве гледа додека се бакнувате. Доколку сакате да гледате во партнерот, прекинете со бакнежот и префрлете се на нежни милувања.

5. Пресилно стенкање

Бакнежот може да биде одлично загревање за стравствен секс, и нормално дека при бакнувањето еден или двата партнери започнуваат лесно да воздивнуваат. Но, доколку ја копирате музичката подлога од поро филмовите после првиот допир на усните се со цел да го возбудите партнерот, голема е веројатноста дека само ќе го одалечите од себе.

6. Јазик во грло

Никој не сака да почувствува јазик кој се забива во неговото грло. Не само што овој вид на активност е опасна, бидејќи може да го запре протокот на кислорот, туку и е многу непривлечна за оној кој прима таков бакнеж. Подобро е јазикот да биде срамежлив, отколку агресивен.

7. Удирање на забите

Да бидеме реални, судирот со забите им се случува и на најдобрите. Но, доколку го форсирате агресивното удирање, можете да забршите на забар, и тоа без подршка на подобрата половина.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format