Неколку причини зошто Грција е една од најубавите земји на светот


Државата Грција или официјално Хеленската Република е држава која се наоѓа на крајниот југоисток на Европа, на југот на Балканскиот полуостров.

 Сместена е на стратешки важна раскрсница помеѓу Европа, Блискиот Исток и северна Африка.

Грција со својата површина од нешто помалку од 132.000 километри квадратни е најголемата држава на Балканскиот полуостров и е на 97 место во светот. Покрај континенталниот дел, Грција опфаќа и преку 1.400 острови од кои најголеми и најзначајни се Крит, Евбеја, Лезбос, Родос и Крф.

Неколку факти кои не сте ги знаеле за Грција:

Во Грција живеат преку 10 милиони Грци. Грција е најчистата етничка држава на Балканот.

Грција го има дванаесетиот најдолг брег на светот со вкупна должина од 13.676 километри.

Во Грција со закон е прпишано дека личностите постари од 18 години мора да гласаат.

Околу 7% од мермерот кој се обработува во светот е со потекло од Грција.

Грција е трет водечки производител на маслинки во светот. Грците ги култивирале маслинките уште од дамнешни времиња.

Речиси 80% од површината на Грција е со планински релјеф поради што Грција нема пловни реки.

Највисокиот врв во Грција е планината на боговите, Олимп со висина од 2.911 метри.

Околу 98% од населението во Грција се Грци. Турците ја сочинуваат најголемата малцинска група.

Мелбурн во Австралија е градот со најголема грчка популација надвор од Грција.

Преку 40% од жителите живеат во главниот град, Атина. Откако стана пресолнина на Грција, бројот на жители пораснал од 10.000 во 1834 година, на 3,6 милиони во 2001 година.

Атина е еден од најстарите градови во Европа. Тој исто така е родно место на демократијата, филозофијата, олимписките игри, политичките науки, книжевноста, историографијата, математичките принципи и така натаму.

Грција има 2.000 острови, од кои 170 се население. Најголемиот Грчки остров е Крит, со површина од 8.260 квадратни километри.

Околу 12 милиони луѓе ширум светот зборуваат грчки јазик.

Илјада англиски зборови, потекнуваат од Грчки јазик.

Во текот на 1950 година, околу 30% од возрасните луѓе умееле да читаат и пишуваат. Денешната стапка на писменост изнесува преку 95%.

Грција има околу 3.000 сончеви часа годишно.

Моментално, грчките мажи мораат да служат воен рок од година дена до 18 месеца во било која гранка на вооружените сили. Владата троши 6% од годишниот бруто домашен производ за потребите на војската.

Грција е водечки производител на морски сунѓери.

Грчките бродови заземаат 70% од вкупната европска трговска флота. Законот наложува дека најмалку 75% од посадата на бродовите мораат да бидат со грчко потекло.

Грција ја има најголемата поморска флота на светот.

Грција има повеќе археолошки музеи од било која друга држава во светот.

Фудбалот е национален спорт во Грција.

Фета сирењето, кое се прави од козјо млеко, е грчко национално сирење. Просечната потрошувачка на ова сирење по глава на жител е најголема во светот.

Островот Родос бил населен уште во камено време.

Околу 16,5 милиони туристи ја посетуваат Грција секоја година. Тоа е повеќе од вкупниот број на жители на земјата. Туризмот представува речиси 16% од бруто домашниот производ.

Градот Родос е најпопуларната дестинација за туристите.

Грчката православна црква забранува кремација на телото после смртта.

Грција ја има една од највисоките стапки на абортус во Европа.

Грција ја има една од најниските стапки на разводи во Европа.

Грчката валута, драхмата, заклучно со 2002 година, била на сила 2.650 години. Тоа е воено и најстарата валута во Европа. Во 2002 година, оваа валута е заменета со евро.

Првите олимписки игри се одржани во 776 година.

Во Грција, жителите слават именден, а не роденден.

Грците жртвуваат стотици бикови во текот на секоја Олимпијада, се со цел да го задоволат Зевс.

Дедо Мраз е збор со грчко потекло. Верувањата велат дека Свети Никола бил богат грк кој своите пари им ги давал на сиромашните.

Грците обожаваат да играат, со што имаат 63 народни танци.

Химната на Грција има 158 стиха. Никој од граѓаните не успеал да ги запамти сите стихови.

Јо-Јо е втората најстара играчка на светот. Настанала пред 3.000 години во Античка Грција.

Гиро, е традиционално грчко јадење од месо печено на вертикален ражен. Обично се служи како сендвич, со домат, лук, сос или павлака, замотан во леб или специјална пита.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format