Леќата се одгледувала уште од камено доба, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде е донесена и во Европа.

Леќата се вбројува во групата на зрнести мешункасти зеленчуци, заедно со гравот, грашокот, боранијата. Познати се околу 40 – тина сорти леќа, кои се разликуваат по боја, големина и форма.
Леќата се одгледувала уште од камено доба, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде е донесена и во Европа.
Во 100 гр. леќа се содржани една третина од дневните потреби на организамот од витаминот Б1, Б6, калиум, железо и белковини кои по својата вредност се слични со белковините од месото и јагленохидрати.
Лековитите својства на леќата се многубројни. Таа не содржи заситени масти, не содржи холестерол, а е извонреден извор на растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го намалуваат нивото на шеќерот и холестеролот во крвта, додека нерастворливите влакна го забрзуваат метаболизмот на варењето и го скратуваат времето на задржувањето на храната во цревата. На тој начин го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.
Исто така таа е богат извор на витаминот Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк.
Високата содржина на витаминот Б6, ја прави леќата поволно да делува на нервниот систем, а со голема содржина на железото исто така ја прави леќата, да биде корисна во спречувањето на слабокрвност.
Connect with us