Неколку работи кои треба да ги знаете доколку живеете со вашиот поранешен партнер


Неколку работи кои треба да ги знаете доколку живеете со вашиот поранешен партнер…

Среда вечер, лежерно си седите во дневната и ја гладате новата епизода на вашата омилена серија. Пуканки и пиво. Ја подавате чинијата, тој ви ја дополнува чашата само што има еден мал проблем.. тоа е вашиот EX партнер.

И не е толку невообичаено ако размислите дека пред точно една година, додека бевте во екот на љубовта, решивте заедно да подигнете кредит за да купите стан. Работите тргнаа наопаку, а ниту еден од вас не е доволно финансиски независен за да живее одвоено. За да го продадете станот мора прво да ја исплатите хипотеката, а враќањето кај вашите родители ви изгледа како ужасна идеја. Се што треба да направите е да поставите основни правила и да се држите до нив:

Бидете на чисто со вашата праказна

Без разлика кој го иницирал раскинувањето важно е да оставите доволно простор да размислите која била причината поради која врската не функционирала. Правете се што можете за да разберете и да се помирите со истото.

Ослободете се од бесот и огорченоста

Кога ќе донесете одлука да се откажете од огорченоста ќе почувствувате големо ослободување. Нема повеќе да бидете во во безизлезна трка со негативни емоции. Кога ќе ги тргнете чувствата настрана дека сте емоционално измалтретирани, а тој ќе престане да чувствува вина дека не ви посветува доволно време, тогаш конечно ќе можете повторно да ги видите взаемно вашите позитивни страни, наместо да се фокусирате на негативните во кои досега бевте заглавени.

Секс за старите добри времиња

Иако е голема веројатноста да паднете во искушение, ви предлагаме да не дозволите да завршите повторно во кревет заедно. Исто така, договорете се да не ги носите новите партнери во станот. Создадете црвена линија која нема да ја преминете.

Создадете основни правила

Без разлика дали се работи за задолжително тропање на вратата или определен период на денот кога ќе го имате станот само за себе, создадете правила кои функционираат за двајцата и држете се до нив. Многу е важно меѓусебно да се почитувате.

Решете ги финансиите

Иако сеуште живеете заедно, многу е важно да дискутирате како ќе ги поделите трошоците. Направете план во кој ќе ги запишете сите приходи и расходи кои месечно ги имате. Поделете ги трошоците за сметки, за кредити и за храна и договорете се кој што ќе плаќа. Одберете точен датум кој на двајцата ќе им одговара и тогаш подмирете ги трошоците.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format