Неколку работи кои ќе им се случат на жените и девојките доколку престанат да се шминкаат


Неколку работи кои ќе им се случат на жените и девојките доколку престанат да се шминкаат…

Истражувањето на компанијата “Kenabo” која се занимава со производство на козметика во соработка со сајтот “BridghtSide” објавија што се случува со лицето кога шминкањето ќе се одложи на подолги стази.

Како што истакнува истражувањето, жените кои прекинале со шминкањето на подолг временски период забележиле дека лицето им се променило, но и дека се чувствувале поинаку.

Повеќе не сте странец во огледалото

Истражувањето покажало дека со прекинувањето на шминкањето жените повеќе немале впечаток дека во огледало гледаат апсолутен странец. Имено, со редовното шминкање жените гледаат една личност во огледало, а кога ќе ја симнат шминката целосно друга личност.

Кожата станува поотпорна

Некои производи за шминкање ја сушат и оштетуваат кожата доколку се користат подолго време. За лицето без шминка, потребен е само заштитен фактор против УВ зрачење.

Изгледате многу помладо

Истражувањето открило дека со прекинување на шминкањето средовечните жени изгледале многу помладо. Истражувањето исто така истакнува дека младите девојки со силна шминка изгледаат многу постаро. Со оглед на тоа што шминката се воведува најчесто со стареењето, жените кои носат шминка се чувствуваат многу постаро.

Природниот изглед ве прави пријателски расположени во очите на другите луѓе

Ненси Ектоф, професорка на Хардвард, тврди дека лицето без шминка делува попристапно и попријателски расположено. Драматичната шминка, по нејзини зборови, прави ѕид и игледа како таа личност да делува непристапно.

Кожата е многу поздрава и полесна за одржување

Минималната употреба на шминка не бара многу третмани на лицето. Доволно е редовно да го миете и користите хидратантна крема. Кога шминката е потешка, потребни се многу повеќе препарати за кожата да се опорави.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format