Некој ги проколнал? Андреа и Оливер два пати ја откажувале свадбата, а сега одеднаш им избегале сите гости


Парот повеќе нема сила за ништо повеќе во животот.

Британецот по име Оливер и Андреа од Чешка веќе неколку години планирале да се венчаат, но од некоја причина не успеваат во тоа.

Сега, кога конечно организирале се и кога дошле сите неговите пријатели од островот, во последен момент, буквално пред матичар, побегнале дома!

Зошто? Што се случило и поради што роднините на Андреа од Чешка, тврдат дека тие се проколнати како пар?

Оливер живеел во Прага последните 11 години од животот. Таму ја запознал убавата Андреа со која се зближил. Пред неколку години Оливер ја запросил, но во времето кога планирале свадба, таа забременила.

Андреа не сакала да во венчаница биде со некој килограм повеќе, па ја поместиле церемонијата и изговарањето на судбоносното “да” за некое друго време. Две години подоцна – истата приказна.

Девојката од Чешка повторно останала бремена и уште еднаш морале да ја стопираат венчавката. Пријателите од Англија веќе се шегувале со Оливер дека никогаш нема да се ожени, а ќе има две деца.

Кога Андреа после второто породување ја вратила витката линија, тие се решиле на трета среќа. Нејзините роднини сомнително вртеле глави верувајќи дека постои некоја виша сила која им порачува дека тоа не треба да го прават.

И навистина, кога пред недела дена сите се собрале во Прага пред матичар, пријателите на Оливер добиле неверојатна информација дека за неколку часа Англија ќе ја стави Чешка на листата земји кои се за карантин. Со други зборови, ако се враќате од Чешка, ќе мора 14 дена да седите во самоизлација.

Никој од другарите на Оливер, а имало околу 30 од нив, не сакале да поминуваат низ тоа и сите побегнале од венчавката.

“Двајцата плачевме од мака. Ги разбирам сите нив. Поголемиот дел работат и мора да одат на работа. Лут сум на британската влада која така донесува одлуки. Па тоа не може така. Намерно го избравме август бидејќи делуваше како ситуацијата да е стабилна во двете земји. Три пати се обидуваме да се венчаме и не иде. До кога”, се запрашал Оливер.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format